САД го „стега обрачот“ околу Косово: „Изненадуваат казните од Вашингтон, но Приштина само реагираше согласно законите и Уставот“

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

Судирите меѓу Србите и припадниците на КФОР, меѓународните сили на НАТО на Косово, како оној пред општина Звечан на крајот на мај, во кој беа повредени десетици луѓе, е прв од ваков вид по една деценија, после релативно мирни односи. Ситуацијата во моментов е мирна, но кревка, со оглед дека српските граѓани остануваат да протестираат пред зградите на општините во северно Косово. Иако следуваше силна осуда од САД и меѓународната заедница и барање за повлекување од општинските згради, косовската влада и премиерот Албин Курти засега одбвиваат да се повлечат. Се претпоставува дека САД уште повеќе ќе ја казни Приштина, покрај укинато учеството во „Дифендер 23“ и забраната за посета на официјални косовски лица на Вашингтон.

За причините зошто САД се одлучи за вакво нешто, поразговаравме со универзитетскиот професор Башким Селмани. Тој за „Локално“ вели дека има основни принципи на меѓународното право и ова е последица од нерасчистување на односите меѓу Косово и Србија.

Башким Селмани

-Тоа е долговечен проблем – поранешниот претседател Хашим Тачи и други потпишаа се што им кажаа САД, а на крај завршија во затвор. Сега првпат Косово да реагира на својата територија и мислам дека не е правилно и не е фер кон една нација и држава. Прва грешка може да биде ова доколку се третира така. Меѓународното право има неколку улоги, но овој пат не се во право, смета Селмани.

На фактот дека по децении заземање страна на Косово и локалните политичари, гледаме поддршка на Западот за Вучиќ, Селмани гледа со изненадување и го коментира така што оценува дека во меѓународното право нема статичност, туку динамичност, и зависи од улогата, интересите и геополитиката.

-Проблемот треба да се реши и сите ние како држави инсистираме да бидеме дел од ЕУ и тука е основната цел на секоја држава и нација. Секој судир не е во интерес на никого. Мислам дека ова не е грешка од страна на Косово, но законите и Уставот мора да се почитуваат. Тоа е меѓународен проблем и самата меѓународна заедница го промени ставот и неосудувањето на ваквите закани. Се знае дека Србија долго време игра заканувачки врз основа на целиот Балкан. Проблемот е подлабок. Меѓународното право е променлива во зависност од одредените интереси, истакнува соговорникот.

Сепак, професорот смета дека ова ќе го забрза дијалогот за да се дојде до конечно решение меѓу Србија и Кособо.

-Дури постојат луѓе и држави, меѓународното право е задолжително да реагира и постапува. Долго време е изгубено, а многу е инвестирано од меѓународната заедница. Таа самата е тука за да ги реши проблемите. Верувам дека ова ќе го подигне на поголемо ниво дијалогот меѓу Србија и Косово. Ова е сериозна проблематика, но мислам дека уште подобро ќе биде и побрзо ќе се реши проблемот на релација Белград-Приштина, заклучува Селмани.

Н.П.

Слични содржини