Борел по средбата со Курти: „Потребна е итна деескалација и дијалог“

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска, по средбата во Братислава со премиерот на Приштина, Албин Курти, најави дека е потребна итна деескалација на северот на Косово, решение преку дијалог и враќање на работата за спроведување на договорот постигнат со Белград.

Борел на Твитер напиша дека се сретнал со Курти во Братислава, каде се одржува глобалниот безбедносен форум, за да разговараат за тензиите на северот на Косово.

„Сегашната ситуација е опасна и неодржлива“, рече Борел.

Слични содржини