Новиот пакет санкции на ЕУ врз Русија ги таргетира одговорните за наводно киднапирање деца

од Nikola Popovski
189 прегледи

Европската унија настојува да го зголеми опсегот на санкциите против Русија со цел да ги таргетира лицата кои се вмешани во наводното киднапирање на деца од Украина, соопшти вчера холандскиот премиер Марк Руте.

„Единаесеттиот пакет санкции на кој работиме вклучува опција да се таргетираат одговорните за киднапирање деца“, рече Руте на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Тој додаде дека новиот пакет санкции се фокусира и на механизмите за заобиколување на веќе постоечките санкции.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин во март, обвинувајќи го за воени злосторства и илегална депортација на стотици деца од Украина во Русија.

Москва постојано ги негираше овие обвинувања.

Слични содржини