Според информациите кои се појавија на одредени канали на Твитер и Телеграм, руската диверзантска единица – Рускиот волонтерски корпус (РДК), ја преминала границата на Украина и Русија и влегла во пограничниот град Белгород, каде, според нивните изјави, во тек се тешки битки.
Наводно, во упадот на РДК на руска територија учествувале оклопни возила и тенкови на украинските сили, иако официјалната армија се уште не се изјаснила за ова.
На интернет се појавија и видеа на кои се гледа како членовите на рускиот волонтерски корпус ги повикуваат луѓето да останат дома.
The #Russian Volunteer Corps and the Freedom of #Russia Legion announced new attacks on the territory of the Russian Federation. pic.twitter.com/86FFE6XIgW
— NEXTA (@nexta_tv) June 1, 2023
Велат дека нема да ги допрат цивилите во Русија, но дека не можат да ги евакуираат бидејќи Русите постојано ги гранатираат околните места.
На Твитер се огласи Легијата на слободата на Русија.
„Нашите браќа испраќаат поздрави од украинско-руската граница. Нашата борба продолжува. Чекајте не“, се вели во објавата.
Our brothers send their greetings from the Ukrainian-Russian border. Our struggle continues.
Wait for us! pic.twitter.com/c7nyBOYQYs
— "Liberty of Russia" Legion (@legion_svoboda) June 1, 2023
Да потсетиме, шефот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков утринава соопшти дека на ова подрачје постојано паѓаат гранати, а во нападот се повредени најмалку осум лица.
Тој исто така изјави дека градот во последните денови речиси континуирано бил под гранатирање од украинските сили и дека само во средата биле оштетени 37 станбени згради, 29 приватни куќи и повеќе од 70 автомобили.