218
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да влезе во НАТО и дека Киев чека блокот да биде подготвен да ја прифати неговата земја.
Тој, исто така, ја повтори желбата на Украина да се приклучи на Европската унија, објави „Ројтерс“.
„Ја поддржуваме Молдавија и нејзиниот народ кој се интегрира во ЕУ. Го поддржавте нашиот народ, нашите бегалци кои побегнаа во текот на првите денови од војната и никогаш нема да го заборавиме тоа“, рече Зеленски во присуство на претседателката на Молдавија Маја Санде.