197
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, тврди дека Србија треба да ги прекине активностите за дестабилизација на Косово, за да се стави крај на насилството на северот на покраината.
Таа на маргините на самитот во Кишињев рече дека заканата доаѓа „од српското негирање на постоењето на Косово како суверена држава“ и тврди дека Белград активно ги поддржува „нелегалните структури“ кои го дестабилизираат Косово одвнатре, пренесува „Ројтерс“.