Столтенберг ќе испрати 700 војници на Косово: „Нападите врз КФОР беа неиспровоцирани“

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во Осло дека ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово.

Поради конфликтот што ескалира на почетокот на неделава на Косово, НАТО ќе одговори со испраќање 700 војници. Ова го потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во изјава во Осло, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“.

Според него, на Косово ќе бидат испратени 700 војници, а уште еден баталјон ќе биде ставен во готовност. Тој најостро ги осудува конфликтите што се случија на северот на Косово и додаде дека „нападите врз единиците на КФОР биле неиспровоцирани“.

Нагласи дека КФОР „ќе ги преземе сите неопходни чекори за нормализирање и обезбедување безбедност“. Тој ги повика Белград и Приштина да ги преземат сите можни мерки за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

Да потсетиме, конфликтот се случи пред зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Насобраните Срби мирно протестираа, а во еден момент дошло и до физичка пресметка со припадниците на КФОР. Во судирите има повредени од двете страни.

Слични содржини