Кафето го блокира дејството на витамините во организмот

од Stefanija Kuzmanovska
681 прегледи

Иако кафето има голем број на здравствени придобивки и консумирањето дури е и препорачливо, тоа може и да му наштети на организмот.

Ова станува јасно од ново британско истражување, според кое кафето го блокира дејството на прехранбените адитиви со витамини, пишува „Дејли мејл“.

Во денешниот крајно нездрав начин на живот, многу луѓе се потпираат на синтетичките витамини и минерали за да ги набават неопходните хранливи материи. Проблемот сепак, е дека ако пиеме вакви таблети во близок временски интервал или по консумацијата на топлиот пијалак, нивната ефикасност едноставно се губи.

Причината не е толку во состојките на кафето, колку во тоа што го пиеме топло. Според научниците топлината драстично го намалува ефектот на витаминските таблети и дури ги убива корисните бактерии во пробиотската храна како јогурт.

Експертите излегуваат со нови совети за внесот на витамини и минерали, па таквите таблети треба да се пијат најмалку еден час пред или по земањето на топли јадења и пијалоци.

Тие потсетуваат дека, сепак, за сите видови на лекови и додатоци е најдобро да се земаат со појадокот, бидејќи наутро гастроинтестиналниот тракт е одморен и работи подобро.

Слични содржини