Нови напади врз Киев, украинската одбрана собори повеќе од 30 ракети

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина рано утринава поради руски ракетни напади, но таа беше укината неколку часа по нападот во поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Киев, чии власти соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски проектили и беспилотни летала.

Москва изврши 20 одделни ракетни и беспилотни напади врз украинските градови од почетокот на мај.

Воените власти на Киев на Телеграм објавија дека Русија истовремено лансирала беспилотни летала и крстаречки ракети, пренесува Ројтерс.

Слични содржини