Курти: Крај на протестите и спроведување на бриселскиот договор пред нови избори

од Vladimir Zorba
556 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти го условува одржувањето на нови избори во општините на северот на Косово со завршување на, како што наведе, „насилните протести пред општините на северот“ и целосна имплементација на Бриселскиот договор.

Курти ова го објави на Твитер по телефонски разговори со американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Финер и американските сенатори Крис Марфи, Пит Рикетс и Џин Шахин.

„Отстранувањето на насилните толпи пред општинските згради и целосното спроведување на Бриселскиот договор е патот кон деескалација, до нови избори“, напиша Курти.

Слични содржини