Актерот Бред Пит дознал дека неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли продала половина од нивното познато француско лозје на руски олигарх, ексклузивно дознава „Дејли Меил“.
Тие претходно се договориле дека секогаш ќе бидат посветени на тоа лозје и никој од нив нема да го продаде својот дел без дозвола на другиот, но актерката го игнорирала договорот.
Пит бил многу изнервиран и зачуден кога дознал дека половина од лозјето повеќе не ѝ припаѓа на Анџелина и дека сега има нови деловни партнери.
За ситуацијата да биде уште полоша, купувачот е дел од конгломерат за вотка на чело со олигарх, па така планирале да ги искористат холивудските врски за да го исчистат својот углед.
„Како што ќе се докаже на суд, постапките на Анџелина Џоли биле незаконски и тие сериозно и намерно го оштетиле Пит за неправедно да се збогатат“, пишува во документот до кој имал пристап „Дејли Мејл“.