Судар на два „голфа“, шестмина повредени од кои еден потешко

од Nikola Popovski
538 прегледи

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од полицијата.

Слични содржини