Масовна тепачка пред локал во Градскиот парк

од Nikola Popovski
643 прегледи

Доцна синоќа се случила тепачка во Градскиот парк пред еден од локалите кои се наоѓаат на тоа подрачје.

Како што информираа од полицијата, час и половина после полноќ било пријавено дека пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Ц.(19), Е.Ц.(20), Ј.М.(21) и Ј.М.(21), од една страна, и Е.К.(19), М.М.(23), П.Ј.(20) и Т.Ш.(20), од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини