Денеска се одбележуваат 21 година од формирањето на пДемократската унија за интеграција, при што предвидени се две посебни прослави.
Раководството на партијата на чело со лидерот Али Ахмети, организира панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обратат и самиот Ахмети, поранешнта министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.
По дебатата во хотелот „Александар Палас“, Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на традиционалниот пригоден коктел.
Истовремено, новата фракција на ДУИ – „Огнената група“ со настан во Центарот за култура во Тетово ќе го одбележи роденденот на партијата. Тие во мај месец го напуштија состанокот на Централното раководство на партијата и најавија дека ќе функционираат како фракција.
-На Огнената група на која и даваат поддршка една третина од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ, порачаа неодамна „Огнените“.