Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин изјави дека ситуацијата на северот на Косово во моментов е мирна, но сепак крајно нестабилна.
Тој вели дека меѓународната заедница е многу лута и разочарана по протестите во кои беа повредени демонстранти и припадници на меѓународните безбедносни сили.
Саразин изјави за Table Berlin дека сè уште останува нерешено централното прашање – како да се постигне „целосна интеграција“ на Србите на северот на Косово?
Неодамнешните протести се разгореа по изборот на албанските политичари за градоначалници на северот на Косово, на предвремените избори кои беа бојкотирани од Србите, барајќи неколку барања од косовскиот премиер Албин Курти, вклучително и формирање на заедница на општини со мнозинско српско население на северот на Косово.
На прашањето зошто косовските власти ги игнорираа предупредувањата на Европската унија и САД да не се именуваат градоначалници на општините на северот на Косово, Саразин вели дека владата на премиерот Курти инсистира на именување избрани градоначалници, додавајќи дека проблемот нема да се реши се додека српското мнозинство во четирите општини на северот на Косово не излегува на гласање.
„Секој е одговорен за своите постапки“
„Пред сè, морам да го кажам тоа што директно му го кажав на премиерот Курти: секој е одговорен за своите постапки“, рече Саразин.
Тој го критикуваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека со своите изјави сее дополнителна недоверба.
Тој рече дека одлуката на владата на Косово да воведе градоначалници Албанци во општинските згради на северот на Косово со силна полициска придружба е грешка, за која косовските власти сносат политичка одговорност.
Според Саразин, приоритет е враќањето на преговарачка маса во рамките на договорот што Србија и Косово го постигнаа со поддршка на ЕУ, како услов двете страни да го продолжат патот на влез во Унијата, смирувајќи ја ситуацијата на Косово и нови избори.
На прашањето каква е одговорноста на српската страна, Саражин вели дека одговорни се оние кои ги нападнаа припадниците на КФОР и полицијата пред општинските згради на Косово.
Тој тврди дека за време на протестите на Косово имало „хулигани“, кои дошле на северот на Косово од Србија.