Бочварски: Нашата визија за европската перспектива ја остваруваме, позиционирајќи ја земјава на мапата на главните европски коридори

од Nikola Popovski
151 прегледи

Mинистерот за транспорт и врски Бочварски, кој беше на теренот каде што е во тек рехабилитација на двете коловозни ленти на автопатската делница Демир Капија – Неготино, во неговото обраќање рече дека вложувањата во квалитетна патна врска на Коридор 10 е дел од планот на Министерството за воспставување брз, безбеден и модерен автопат.

„Нашата визија за европската перспектива ја остваруваме, позиционирајќи ја земјава на мапата на главните европски коридори. Така добивме значајно место на картата на главни меѓународни рути во европскиот транспорт на стока и патници. На овој Коридор 10 го рехабилитираме и оштетениот дел од Катланово до Петровец, а веќе започнати се подготовките и за проширување на граничниот премин Табановце. Во следна фаза овој јужен дел од автопатот ќе го издигнеме на повисоко модерно ниво, за што веќе следниот месец ќе распишеме повик за инсталација на Интелигентен транспортен систем преку кој систем ќе имаме предвидливи ситуации на самиот коловоз со што ќе ја подигнеме безбедноста на уште поголемо ниво. Силниот инвестициски циклус од близу 2 милијарди евра во модернизирање на целокупната патна инфраструктура во државата несомнено дава силен сигнал за домашните и странски инвеститори. Инвестирањето во подобра патна мрежа е влог за силна економска држава и за сегашните и идни поколенија”, рече министерот Бочварски.

Слични содржини