Лајчак и Ескобар денеска во Приштина, утре во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска ќе ја посетат Приштина, а утре Белград.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано рече дека Лајчак и Ескобар ќе ги повторат европските и американските повици до Приштина и Белград веднаш да ја деескалираат ситуацијата и да преземат чекори кон постигнување одржливо решение.

Лајчак по посетата ќе го информира високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел за состојбата на терен, кој за тоа ќе ги информира земјите членки, по што ќе одлучат за следните чекори, рече Стано.

Коментирајќи ја ситуацијата на Косово, Стано рече дека е најважно Белград и Приштина да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата на терен.

На прес-конференцијата тој ги повика двете страни да работат на одржливо решение и додаде дека платформата за тоа е дијалог со посредство на Европската унија.

„Секогаш сме подготвени да бидеме домаќини и да повикаме на средба меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Курти, кога ќе се исполнат условите и кога двајцата ќе се договорат“, рече Стано.

Слични содржини