Судот во Германија му дал на 82-годишен маж „конечно предупредување“ за дилање дрога и покрај тоа што бил осуден 24 пати.
Пензионираниот морнар досега успеал да избегне затворска казна и покрај барањата на обвинителите, пишува Гардијан.
Нему му е изречена условна казна, откако изјавил дека сака да си ги зголеми приходите продавајќи марихуана, со оглед на тоа што неговата пензија е 800 евра месечно.
Обвинителите побараа затворска казна од 34 месеци поради неговото долгогодишно криминално досие и претходно постоечката условна казна.
Сепак, судијата рече дека ќе направи исклучок во овој случај и ќе ги класифицира најновите кривични дела како „помалку сериозни прекршоци“ поради посебните околности и неодамнешните здравствени проблеми на осуденикот.