Мицкоски: Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава

од Vladimir Zorba
895 прегледи

Упатувам апел за национално единство кое и треба на Македонија. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина на плоштадот во центарот на Прилеп што ја организираше партијата на тема „Современи политики за развој на земјоделството“, а во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Тој истакна дека Македонците 32 години постојано губат и таквото поразително чувство преминува во фрустрација, а таа е последица на корумпираните политички елити.

-Нема друга држава како Македонија која дала најголема жртва на патот кон ЕУ. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани. Мораме да бидеме единствени со некорумпираниот дел од политичката сцена на Македонија. Тоа значи дека покажуваме свесност и одговорност за состојбите во кои се наоѓаме и одговорност спрема народот кој очекува лидерство од политичарите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.