Зеленски: Поради рушењето на браната, стотици илјади луѓе во Украина се без вода

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека уништувањето на браната Каховка на југот на земјата оставило стотици илјади луѓе без нормален пристап до вода за пиење.

„Уништувањето на еден од најголемите резервоари за вода во Украина е апсолутно намерно. Стотици илјади луѓе останаа без нормален пристап до вода за пиење“, наведе Зеленски на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Браната Каховка беше уништена во вторникот, водата од акумулацијата се излеа и го поплави околниот простор.

Слични содржини