Меџити му понуди советничко место на Јовев во неговиот кабинет

од Nikola Popovski
290 прегледи

Првиот човек во здравството, Фатмир Меџити му понудил советничко место на доктор Сашко Јовев во неговиот кабинет.

-Да ми биде национален советник за кардиохирургија и да се зголеми буџетот со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплатација да функционираат уште подобро и да им излеземе во пресрет на пациентите. Професорот Јовев ќе продолжи да работи на Клиниката и ќе ја има целата моја поддршка. Посебна благодарност за сите трансплатации на него и неговиот тим, рече денеска Меџити на брифинг со медиумите.

Министерот не сакаше да ја коментира изјавата на неговата заменичка дека не се согласува со одлуката за разрешување на Јовев од директорското место на Клиниката за кардиохирургија.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.

Слични содржини