ЕК издвојува 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Европската комисија денеска објави дека ќе одвои 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје во земјите-членки на ЕУ, со цел менталното здравје да стане столб на здравствената политика.

„Денес е нов почеток за сеопфатен пристап кон менталното здравје на ниво на ЕУ, ориентиран кон превенција и со повеќе актери“, рече еврокомесарката за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес.

Најавено е дека проблемите со менталното здравје веќе погодија околу 84 милиони луѓе во ЕУ пред пандемијата на вирусот Ковид-19, што предизвика економски трошоци од околу 600 милијарди евра годишно, или четири отсто од БДП на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Слични содржини