Од сите страни можевме да видиме дека нема политички притисок. Министерот за здравство управува со сите организации во рамките на МЗ. Има над 130 директори во МЗ и не верувам дека има држава во свет со повеќе директори, заменици и членови на управни одбори. Тоа се одлуки кои треба да се носат врз основа на мерит-систем, рече премиерот Димитар Ковачевски за разрешувањето на д-р Сашко Јовев од директорското место во Клиниката за кардиохирургија.
За докторот Јовев, Ковачевски вели дека квалитетен доктор.
-Сметам дека таа Клиника и тимот имаат одлична иднина, со оглед на тоа што го видов, рече премиерот.
-Согласно Законот за Влада, претседателот на Владата не именува или разрешува директори на оние организациони единици во рамките на МЗ. Тоа е исклучива надлежност на МЗ. Побарав од министерот да разговара со докторот Јовев во однос на нивните понатамошни чекори за нивната соработка. По тој повод денеска Меџити организираше прес-конференција со новинарите, одговори Ковачевски на новинарско прашање.