Дали Путин се откажа од Крим?

од Stefanija Kuzmanovska
720 прегледи

По пробивањето на браната Нова Каховка во јужна Украина, многумина се прашуваа зошто Русија би извршила таков напад кој би имал катастрофални последици за Крим.

Дали рускиот претседател Владимир Путин се откажа од тој анектиран полуостров? Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека тоа навистина е така, но некои не се согласуваат.

Андерс Аслунд, економист и вонреден професор на Универзитетот Џорџтаун, направи споредба помеѓу уништувањето на браната и начинот на кој ирачкиот претседател Садам Хусеин ги запали нафтените извори во 1991 година, кога беше принуден да го напушти Кувајт.

„Кога ќе изгубите територија, тогаш ја уништувате“, изјави за Newsweek Аслунд, кој беше економски советник на владите на Русија и Украина. „Мислам дека тоа е нешто што го правите кога ќе се откажете“.

Браната игра важна улога во снабдувањето на Крим.

„Северниот Кримски канал, кој доставува околу 85 отсто од водата на Крим, зема вода од Нова Каховка. Без тоа, Крим не е одржлив на долг рок“, додава тој.

Аслунд наведува дека уништувањето на браната може да го уништи земјоделството на Крим. Најголем дел од водата од Северен Кримски канал се користи за земјоделство, но една петтина се користи и за пиење.

Пензионираниот полковник на американскиот марински корпус Марк Канчијан е еден од оние кои не мислат дека Русија го напуштила Крим.

„Нема шанси Путин да сигнализира дека се откажува од Украина. Крим беше голема награда и Русија ќе ја задржи по секоја цена“, рече Канчијан.

Сепак, тој смета и дека Русија е одговорна за уривањето на браната и дека се решила на таков чекор за да го забави украинското напредување. „Тоа би бил класичен одбранбен потег што многу земји често го правеа во минатото“.

Аналитичарите претходно изјавија за Newsweek дека со губењето на Крим, Путин ќе го изгуби најголемиот дел од својот легитимитет во Русија, па дури и ќе го доведе во ризик да ја загуби власта.

Слични содржини