ТХП: Ја поздравуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата

од Vladimir Zorba
582 прегледи

Ја поздравуваме и поддржуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата и убедени сме дека тоа ќе биде катализатор за европскиот пат на Република Северна Македонија, стои во соопштението на Партија за движење на Турците – ТХП.

„Партијата за движење на Турците (ТХП) е цврст застапник на државните стратешки интереси и со таа цел ги охрабруваме сите политички чинители, без разлика на идеолошки разлики да продолжат со политичкиот дијалог.

Граѓаните на Република Северна Македонија заслужуваат да бидат дел од ЕУ, а сите ние политички субјекти ја имаме одговорност во најбрз можен рок нашата земја да ја внесеме во големото европско семејство“, додаваат оттаму.

Слични содржини