346
Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Нова Каховка на југот на Украина.
„Не можам да го кажам тоа дефинитивно. Нашите разузнавачки и воени служби работат на тоа“, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Ројтерс.
Тој посочи дека доколку се докаже дека браната е намерно урната, тоа ќе биде „ново дно“.