10 работи кои жените потајно ги сакаат во сексот, но никогаш нема да го признаат тоа

од Vladimir Zorba
955 прегледи

Сексот не треба да заврши само со машки оргазам, особено ако жената се уште не го доживеала.

Ако сте премногу исцрпени по вашиот оргазам, погрижете се претходно да се погрижите за неа.

1. Музика која го подигнува расположението

На многу жени музиката им го подигнува духот, особено за време на предиграта или за време на сексот. Изберете нешто сензуално и ритмичко и прескокнете ги баладите и жалопојките.

2. Без притисок

Брзањето или форсирањето во кревет е како ладен туш за жените, но и за мажите.

– Дури и суптилен притисок како да прашуваш „Дали си блиску? Или „Сакаш ли?“ може целосно да ја исклучи – вели Рене Хилиард, експерт за секс и врски.

3. Чекање

Како што заклучивме погоре, би било добро да се избегне секаков вид на форсирање. Вклучувајќи го и темпото. Тоа значи дека не треба да дивеете како животно веднаш во кревет. Бидете нежни и одете полека. Жена ќе ви каже кога сака нешто „диво“.

– Експериментирајте со различни брзини и допири. Масирајте ја, допирајте ја, гребете ја. Побрзо ќе се опушти – советува секс експертот.

4. Употреба на играчки

Играчките се одлични за менување на работите, за имагинација и обезбедување дополнителна стимулација.

5. Време и внимание

Обрнете внимание на партнерот за време на сексот. На жените всушност им требаат 10 до 20 минути за да постигнат оргазам, па партнерот со трпеливост им помага да доживеат сексуално исполнување.

6. Несебичност

– Жените сакаат партнер кој на прво место ги става нејзините потреби и задоволство – вели експертот за запознавање Џаида Первис и додава дека е одлична работа да се има несебичен партнер затоа што тој ќе сака да ви го врати задоволството, па тоа е победничка ситуација.

7. Безбеден простор без осудување

– Сексот не е секогаш совршен, па може да се случат неочекувани грчеви, менструации, болки и слично – вели сексологот Кејн Џојланд.

Сите овие наведени работи се доста чести и може да бидат непријатни, но жените сакаат да се чувствуваат безбедно за време на сексот и да знаат дека што и да се случи е во ред.

8. Разновидност

Никој не сака да води љубов во една поза цела ноќ. Новина е она што го возбудува мозокот, без разлика дали се работи за нова сексуална поза, играчки или облека. Тиоми Морган, сексолог, предлага повеќе игри, да експериментирате со различни сексуални пози, да имате секс на различни места низ куќата или да користите играчка.

9. Заемно орално задоволство

Мажите сакаат кога жената знае орално да ги задоволи, но бидете сигурни дека истото е и со жените. Страсниот ентузијазам при орален секс на жена никогаш не повредил никого.

– Прашајте ја неколку пати дали се чувствува добро и дали можете нешто да направите за да биде уште подобро. Ако не знаете што правите, научете“, вели Хилиард.

10. Гушкање

Некогаш жената сака да ја прегрнете и да заспиете така, а понекогаш таа не го сака тоа. Иако овие преференции може да варираат не само од личност до личност, туку и од ситуација до ситуација, најдобро е да допрете до партнерот и да го прашате како се чувствува во моментов и за што е расположен.

Слични содржини