Блокада за екипи на ЕВН: Жители на Слупчане бараат отпишување на каматите од долговите

од Nikola Popovski
286 прегледи

ЕВН деновиве се пожали дека нивни екипи трет ден по ред не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа. Причината е блокадата на 200 селани на влезот од ова кумановско село, кои не им дозволиле на вработените во ЕВН да почнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.

Од селото велат дека се подготвени да го платат долгот кон ЕВН, но не сакаат да плаќаат камата на каматата.

Од ЕВН посочуваат дека успешни проекти се веќе спроведени или се спроведуваат во најголемиот дел од Липковскиот Регион, Арачиново, Грчец и други локации во општина Сарај, Визбегово, Сингелиќ, Равен, Гостивар, Прилеп, Битола.

Според пресметките на ЕВН, во Слупчане се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.

Слични содржини