214
Белата куќа објави дека „изгледа дека Русија ја зголемува воената соработка со Иран“ и дека примила неколку стотици офанзивни беспилотни летала кои се користат во нападот на Украина, објави денеска Ројтерс.
Повикувајќи се на нови информации, Белата куќа соопшти дека беспилотните летала биле произведени во Иран, летале преку Каспиското Море и потоа ги користеле руските сили во борбата против Украина.
„Русија користеше ирански беспилотни летала во последните недели за да го нападне Киев и да го тероризира украинскиот народ, а руско-иранската воена соработка се чини дека се продлабочува“, порача портпаролот Џон Кирби.