190
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во четвртокот попладне го лишиле од слобода 34-годишниот скопјанец Б.О., под обвинение за извршена кражба, соопшти денеска МВР.
– Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во куќа на подрачје на Центар, при што одзел пари и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, се наведува во соопштението.
Во текот на вчерашниот ден осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил мерка притвор.