Петровска во посета на Универзитетот „Норвич“, најстариот приватен воен колеџ во САД

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и делегацијата на Министертсвото и Армијата при престојот во американската сојузна држава Вермонт, го посетија и Универзитетот „Норвич“, кој е и најстариот приватен воен колеџ во САД.

Како што соопшти Министерството за одбрана, при посетата на „Норвич“, Петровска се сретна со претседателот на Универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого разговараше за можностите за продолжување на успешната соработка помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и овој Универзитет.

– Петровска и Анарумо изразија интерес за продолжување на воспоставената пракса на размена на питомци, за што во иднина треба да се потпише и нов Технички договор помеѓу двете високообразовни институции, информира Министерството за одбрана.

Во периодот од 2015 до 2020 година, десет питомци од академијата поминаа по еден семестар во рамките на Универзитетот „Норвич“, додека питомци од овој Универзитет беа дел од Летниот кампус организиран од Воената академија на „Криволак“.

Слични содржини