Ковачевски: Денес имаме просечната плата од над 34.000 денари и таа и понатаму ќе расте

од Stefanija Kuzmanovska
625 прегледи

Нашите политики се политики кои обезбедуваат подобар квалитет на живот, и токму затоа почнувајќи од април годинава, минималната плата во државата од 18.000 денари се покачи на 20.175 денари. Ова е четврто покачување во шест години. Ветивме и го исполнивме ветувањето и за просечна плата од над 34.000 денари и платите и понатаму ќе растат, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибина „Резултати коишто прават разлика“.

„Денес имаме и просечната плата од над 34.000 денари и таа и понатаму ќе расте. За опозицијата не беше замисливо па дури и им беше смешна најавата дека просечната плата постојано ќе расте. За нив беше смешно дека просечната плата ќе изнесува 500 евра. Денес ако имаат совест, од ВМРО-ДПМНЕ би се срамеле од лажните тврдења со коишто ги манипулираа граѓаните, затоа што во моментов зборуваме и за повисока просечна плата. Покачувањето на платите на луѓето може да биде смешно само за некој кој пред себе ги има сопствените интереси, а не потребите на граѓаните. Стиропор, врби, бели палати, милионски провизии – наместо егзистенцијата на луѓето и просперитетот. Разликата е во тоа, оваа влада враќа пари кон граѓаните“, рече Ковачевски.

Слични содржини