Николоски: Прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси

од Stefanija Kuzmanovska
893 прегледи

Власта во Собранието нема две третини за промена на Уставот и нема да има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, за што најдобар доказ е тоа што прелогот не го става на гласање, објави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој обвини дека власта наместо да нуди решенија, „неуспешно се занимава со спинови и подметнувања“.

„Прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси. И наместо да се приклучат, одлучија да прават негативна кампања со невистини, демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија“, наведува Николоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ понудила „државнички пристап“, а власта „примитивизам и предавства“.

„Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката“, заклучува Николоски.

Слични содржини