456
Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска изјави дека членовите на таа група нема да потпишат никаков договор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, со што ги отфрли обидите на министерството да го стави „Вагнер“ под своја надлежност.
Пригожин рече дека „Вагнер“ е целосно подреден на интересите на Русија, но дека, како што наведе, високо ефикасната командна структура на групата би била оштетена доколку таа биде подредена на Шојгу.
„Шојгу не може правилно да управува со воените формации“, посочи Пригожин.