512
Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија.
Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено.
Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити поради, како што тврдеше министерот, утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер.
Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.