Зеленски: Започна истрагата на МКС за уништувањето на браната во ХЕ Каховка

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека започнала истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за уништувањето на браната во хидроелектраната Каховка и големата поплава која се случи потоа.

„Претставниците на Меѓународниот кривичен суд го посетија регионот Херсон во претходните денови. На првиот ден од катастрофата, од Канцеларијата на јавниот обвинител беше испратено барање до МКС за спроведување истрага и веќе се работи на тоа“, рече Зеленски во ноќното видео-обраќање, пренесе „Ројтерс“.

Зеленски додаде дека е важно меѓународните правни експерти да ги увидат последиците од катастрофата, вклучително и инцидентите во кои, како што рече, беа гранатирани поплавените области.

Слични содржини