Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против уставни измени.
-Постојано обвинуваа дека државата ќе била бугаринизирана, асимилирана и ќе сме го изгубиле идентитетот. Ние кажувавме дека тоа не е точно и сега фактите кажуваат. На лидерската средба се разговараше дека ВМРО сака да биде дел од владата, што ние прифативме. Подготвени сме да отстапиме 50% од местата во Владата. Останува ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот. Меѓународната заедница сака да ја види земјава во ЕУ до 2030 година. За нас е прифатливо тоа што беше кажано на прес-конференцијата, а сега треба да се оди кон имплементација, рече Ковачевски од посетата на Богданци, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.