„Денеска имав разговор со Срби од Косово и Метохија и со странци. Разговорите никогаш не се лесни, ниту со Лајчак, ниту со американски и европски претставници. Ситуацијата се усложнува, многу сум загрижен. Ве молиме повлечете ги лажните градоначалници, нека тие дадат оставка. Подготвени сме на компромиси, но започнете со формирање на ЗСО. Разговорот е единствениот лек“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи каде зборуваше за сите актуелни теми.
„Од највисоко преминавме на малку пониско ниво на борбена готовност“, истакна тој за немирите во Косово.
„Беше тешко во Кишињев, особено со претседателот Макрон и канцеларот Шолц. Имам речиси пријателски односи со Макрон, јас исто така го ценам Шолц. Во еден момент им реков дека тоа не е фер. Мислам дека ни нив не беше лесно Тие сакаат да ја смират ситуацијата, не сакаат војна“, истакна Вучиќ.