Гостиварец завршил во психијатриска болница откако нападнал медицински и полициски екипи

од Nikola Popovski
219 прегледи

Жител на Гостивар бил лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон медицинска екипа и полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од МВР.

Како што стои во полицискиот билтен, на 11.06.2023 во 10:30 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(41) од Гостивар затоа што се однесувал агресивно кон медицинска екипа и полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот е спроведено во психијатриска болница.

Слични содржини