Кошаркарите на Денвер победија со 94:89 против Мајами Хит во петтиот натпревар од големото НБА финале и со тоа станаа шампиони во НБА за првпат во историјата на франшизата.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше својот тим до победата со 28 поени, 16 скока и четири асистенции.
Беше многу емотивно по натпреварот, а семејството на Јокиќ му пријде веднаш по победата.
Потоа следеше голема прегратка со браќата и сопругата, додека во неговите раце беше ќерката Огњена.
Using dad’s trophy as drums 🥁
The Jokic family 💕 pic.twitter.com/wmLVUCEIHs
— NBA (@NBA) June 13, 2023
Таа убава сцена повторно ја видовме по лудата забава во соблекувалната, кога играчите тргнаа на семејна фотографија со пехарот.
На својот официјален Твитер профил, НБА сподели фотографии од Јокиќ со неговото семејство, кое го сочинуваат неговата ќерка Огњена, сопругата Наталија и браќата Страхиња и Немања.
Сепак, сите ги насмеа Огњена, која ги користеше трофеите на нејзиниот татко како тапани и сето тоа преку топла и блага насмевка.