Османи презентираше план со три точки за излез од „политичкиот грч“

од Nikola Popovski
452 прегледи

ДУИ ѝ предложи на опозицијата план од три точки со цел решавање на, како што велат, политичкиот грч во кој се наоѓа земјата поради потребата од уставни измени.

На денешната прес конференција, портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека ДУИ не е партија што мисли за следните избори, туку за идните генерациите и токму затоа е спремна да се откажува од сите владини функции.

Османи побарал опозицијата да ги подржи уставните амандмани кои би влегле во сила до одржување на втората меѓувладина конференција.

-Втората точка е дека ДУИ би се повлекле од сите позиции на Влада вклучувајќи и тоа што би го добиле дали од позиција или опозиција за време на пржинската, односно техничката Влада, значи од сите можни позиции од идната техничка Влада. Третата е доколку се прифати овој план, задолжително од утре да започне истрага за политичките партии, почнувајќи од претседателите до членовите на претседателствата и за сите останати носители на јавни функции со присуство на експерти на меѓународната заедница, за да се обезбеди објективност и транспарентност на истрагата, навел Османи.

Истрагата, како што истакнува портпаролот, за овој вид на истрага има за цел објективност во процесот, со што би се оставило крај на политичките пресметки и неоснованите политички обвинувања на одредени субјекти за учество во криминални активности на носители на јавни функции.