МВР соопшти дека вчера вечер во сообраќајна несреќа на стариот пат Ѓавато-Тополчани пет лица биле повредени.
„Вчера во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘цитроен’ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило ‘опел вектра“’со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото ‘цитроен’, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото ‘опел вектра’, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола“, соопшти полицијата.
Оттаму информираат дека увид извршила увидна екипа на СВР Битола.