Путин тврди дека Украина има огромни загуби во контраофанзивата

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека верува оти Украина изгубила 25 до 30 отсто од воените возила што западните земји му ги испорачуваат на Киев од почетокот на контраофанзивата и дека човечките загуби на Украина се десет пати поголеми од руските.

Тој нагласи дека Русија изгубила 50 свои тенкови во борбите, од кои некои може да се поправат, а Украина загубила повеќе од 160.

Путин потенцира дека Украина е одговорна за минатонеделното пробивање на браната Каховка, за кое рече дека е предизвикано од гранатирање од страна на украинските сили со системите HIMARS од САД.