Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е отворена за мировни преговори со Украина, но дека единствениот начин да се запре конфликтот е Западот да престане да му доставува оружје на Киев.
Путин повтори дека Западот сака да ја победи Русија во Украина и дека Москва има свој мировен план, објави Ројтерс.
Путин рече дека ја поддржува наредбата на руското Министерство за одбрана, доброволните групи кои се борат во Украина да потпишат договори со министерството пред 1 јули за да добијат правен статус, велејќи дека тоа мора да се направи што е можно поскоро.