Пенов: Бугарите изгубија со францускиот предлог, уставни промени со одложено дејство се „дрвено железо“

од Nikola Popovski
391 прегледи

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов смета дека нашата земја не е под притисок на Бугарија.

-Францускиот предлог е европски предлог. Бугарите изгубија со францускиот предлог бидејќи имаа Декларација во Собранието со која тврдеа дека не признаваат македонски јазик и нација и не блокираа. Европјаните седнаа и ја најдоа формулата, за да ние исчекориме со македонски јазик и нација, а да ги прифатиме Бугарите во Уставот, вели Пенов во емисијата „Студио 10“.

За заклучоците од лидерската средба, Пенов вели дека е јасно дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прифаќа уставни измени, но со важност која е беспредметна за нас.

-Ние нема да влеземе затоа што нема да се одржи Втората меѓувладина конференција. Тоа е дрвено железо. Да, ќе ги изгласаме промените, ама ќе се закочиме за да не влеземе во ЕУ. Заради тоа е нудена широка владеачка коалиција. ДУИ го почувствува моментот, како и Алијанса за Албанците, за македонските партии да направат коалиција, а потоа на избори, па ќе каже народот. ВМРО-ДПМНЕ го издигна национализмот до највисоки гранки, ги возбуди граѓаните дека Бугарите ќе не асимилираат. Експертите и бардовите кои гостуваат во емисиите го советуваат Мицкоски да не влегува во Влада, велејќи му „ти чекај, така си победуваш на избори, па после ќе видиш“. Таква неодговорност кон ситуацијата…, анализира Пенов и додава:

-Ако до крај на јули не ги почнеме уставните промени, ние ќе задоцниме.

Слични содржини