Путин призна дека Русија нема доволно воена опрема за да победи во војната

од Stefanija Kuzmanovska
681 прегледи

Речиси една и пол година интензивното војување во Украина значително ги намали воените ресурси на украинската и руската страна. И додека напредната западна опрема пристигнува во Киев, Путин се „гуши“ во проблеми, а сега тоа и го призна.

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека неговата војска нема воена опрема потребна за победа во крвавата кампања против Украина, инсистирајќи Москва да го зголеми и забрза производството на оружје за да го надомести недостатокот.

Имено, за време на вчерашната средба на провоените блогери во Кремљ, Путин призна дека за време на „специјалната воена операција“, како што ја нарекува, стана јасно дека воените ресурси во неколку сегменти полека пресушуваат – немаат доволно авиони, беспилотни летала, наведувана муниција, опрема за комуникација, модерно противтенковско оружје, но и модерни тенкови, пишува „Политико“.

„Ги имаме, но за жал недоволно“, рекол Путин, пренесуваат руските државни медиуми. Во исто време, Путин посочува дека има речиси трикратно зголемување на производството на оружје за бојното поле, што резултирало со десеткратно зголемување на најбараната опрема.

Поради недостиг од наведувана муниција, руската армија не може да гаѓа стратешки цели на долги растојанија, а како алтернатива, Москва лансираше бараж руски беспилотни летала со лоша навигација, како што е Шахед-129 од иранско производство. Па дури и користеа поморски проектили за напади врз станбени згради.

Западните санкции го спречуваат увозот на компоненти потребни за производство на напредно оружје во Русија, се наведува во априлскиот извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии. Според тоа, квалитетот на руското оружје продолжува да опаѓа, додека украинското оружје се подобрува благодарение на помошта од Западот, се заклучува во извештајот.

Само во последните неколку недели Киев доби дел од ветените тенкови од Западот, меѓу кои и британскиот Челинџер 2 и германскиот Леопард 2.

Слични содржини