Познатиот актер Ал Пачино има 83 години, а наскоро ќе добие дете со својата дваесет и девет годишна девојка Нур Алфалах.
За ова зборуваше отворено, не криејќи ја радоста поради новата принова.
„Тоа е многу посебно. Секогаш беше. Имам многу деца, но ова е навистина посебно пристигнување во овој момент“, изјави тој за Daily Mail.
Пачино сега е фотографиран на семејно излегување со неговата поранешна партнерка, исто така актерка Беверли Д’Анџело, и нивните близнаци Антон и Оливија, кои имаат 22 години.
Поранешниот пар никогаш не беше во брак, а се разделија во 2004 година. Сепак, успеаја да ги решат сите несогласувања и останаа во одлични односи, пред се поради нивните деца.
Актерот со Џен Тарант ја има и триесет и тригодишната ќерка Џули, а наскоро ќе го добие и четвртото дете.