Русите потврдија: Крим е нападнат!

од Stefanija Kuzmanovska
613 прегледи

Во четвртокот Русите објавија дека Крим бил нападнат со дронови. Според гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, противвоздушната одбрана соборила девет дронови.

Аксјонов тврди дека биле соборени шест беспилотни летала, додека три биле оневозможени од опремата за блокирање сигнал. Тој додаде дека во селото Докучаево експлодирал дрон, пренесува РТ.

„Нема жртви. Искршени се прозорците на некои куќи“, напиша гувернерот на Телеграм и ги повика граѓаните да останат смирени.

Ова не е првпат Крим да биде нападнат од почетокот на руската инвазија. Украина сака да ја ослободи целата своја територија, вклучувајќи го и Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

Слични содржини