Битиќи: Преспанскиот договор имаше домино-ефект врз цел Балкан

од Nikola Popovski
227 прегледи

Преспанскиот договор донесе нови можности за Балканот, особено за зголемување на соработката. Со него се разрешија многу прашања кои беа болни меѓу двете земји и имаше домино-ефект на целиот балкански регион. Преспанскиот договор го поплочи патот кон просперитет, кој што овозможи вдомување на соработката. Тоа ни овозможи да имаме инспирација, мотивација и да донесеме стабилност на Балканот, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на третиот Преспа форум за дијалог.

Значајно е дека во моментите на тргнување кон ЕУ, како што вели Битиќи, што госпоѓата Фон дер Лајен подготви план со кој што балканските земји ќе бидат поблиски до ЕУ.

-Сите тие активности ги адресираат темите со кои што треба да се справат балканските земји. ЕУ ги поставува своите посветености кон приклучување на Балканот кон европското семејство. Преспанскиот договор ја овозможува интеграцијата на целиот регион, рече меѓу другото Битиќи на сесијата „Трасирање на патот кон просперитет“.

Слични содржини