Зеленски: Пристапувањето на Украина ќе ја зајакне НАТО алијансата

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш побара неговата земја наскоро да биде примена во НАТО, нагласувајќи дека приемот на Украина ќе ја направи НАТО алијансата уште посилна.

Зеленски вчера разговараше со полскиот претседател Анджеј Дуда за јулскиот самит на НАТО во Вилнус.

„Ова е моментот кога треба целосно да ги уништиме руските идеи дека некој во НАТО сè уште се плаши од нив“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

„Таквите претпоставки ги поттикнуваат агресивните амбиции на Русија. Мораме и можеме да ги неутрализираме“, додаде тој.

Украинскиот претседател смета дека приемот на Украина во НАТО ќе го зајакне тој воен сојуз. Зеленски зборуваше и за подготовките за конференција за обнова на Украина во Лондон, нагласувајќи како ќе ја обнови секоја руина во земјата.

„Кога урнатините ќе исчезнат, не само што губи агресорот, туку и самата идеја за агресија“, рече тој.

Украинскиот претседател повторно го критикуваше недоволното спроведување на санкциите против Русија. Истовремено, тој го наведе примерот со рускиот ракетен напад врз Одеса. Додаде дека компонентите на ракетите користени во нападот биле од други земји.

„Русија не би можела да лансира ракети кон Украина доколку санкциите доследно се спроведуваат“, заклучи Зеленски.

Слични содржини